Search

Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на САД

 Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска ќе престојува во повеќедневната работна посета на Соединетите Американски Држави.

За време на престојот во САД, генералот Ѓурчиновски ќе го посети Пентагон, каде што ќе оствари средби со највисоки воени раководители, по што во Вермонт ќе присуствува на церемонија за одбележување на јубилејните 30 години, од воспоставување на програмата за соработка со Националната гарда на Вермонт.

Исто така, ќе го посети Детроит каде се седиштата на фирмите кои се производители на оклопните возила од типот „Страјкер“ и „ЏЛТВ“ со кои согласно долгорочниот план за развој на одбранбените способности се опремува македонската армија, соопшти ГШ на Армијата.

Треба да знаете
Последни објави