Search

Возило излетало на автопатот Гостивар–Тетово, две лица тешко повредени

Вчера во 17.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на автопатот Гостивар–Тетово, пред Тумчевишка петла, патничко возило „опел“ со скопски регистарски, управувано од М.С.С.(41) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.С., а М.С.С. и уште една сопатничка се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави