Контроверзниот Лахоз во солзи ја заврши кариерата

Изминативе денови ги гледавме емотивните простувања на големите фудбалски ѕвезди Фабио Кваљарела, Хоакин и Златан Ибрахимовиќ. Но, од фудбалот се прости и еден судија, а тоа е славниот и контрозверзен Шпанец Антонио Мигел Матео Лахоз.

Правдата на фудбалските терени ја делеше 24 години, речиси четврт век. Последен натпревар во неговата кариера беше дуелот помеѓу Мајорка и Рајо Ваљекано, во кој домашните победија со 3:0.

Збоувањето на Лахоз беше многу емотивно. Кога последен пат отсвири крај во кариерата се фати за глава, почна да плаче, а играчите на двата тима му подготвија шпалир и доби аплауз од сите на стадионот.

Еден од најдобрите светски судии, прво ја делеше правдата во пониските категории, а од 2008 година започна да суди на терените во Ла Лига. Логото. Судија со знакот на ФИФА стана во 2011 година, а учествувал на бројни големи натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави