Search

Јубилејна десетта шампионска титула за МЗТ 

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по десетти пат го освои шампионскиот трофеј во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва во Битола го победија Пелистер со 92:83 на гостински терен.

Металците во финалната серија со 3-0 во победи го совладаа Пелистер, а шампионскиот пехар го кренаа во Битола. По двете победи во СЦ Јане Сандански (84:64 и 75:67), МЗТ Скопје вечерва славеше со 92:83 .

Војдан Стојановски беше најдобар играч со 33 постигнати поени, додека Вер даде 16. Кај Пелистер, Карутерс даде 18 поени.

Битолчани втора сезона по ред не успеаја да се искачат на тронот во македонската кошарка, губејќи во финалето од „штрковите“. 

Трофејот МВП на финалната серија отиде кај Војдан Стојановски.

МЗТ Скопје Аеродром е втората екипа со двоцифрен број шампионски трофеи. Повеќе има само Работнички – 15.

Треба да знаете
Последни објави