Search

Бензема со гол се прости од Реал, овации за Французинот на Сантијаго Бернабеу

Карим Бензема се прости од Реал Мадрид и Сантијаго Бернабеу. Францускиот напаѓач пред да го напушти теренот постигна гол од пенал за израмнување на 1:1, а на негово место погодно дојде хрватскиот репрезентативец и можен нов капитен на клубот Лука Модриќ.

Така Бензема со гол стави точка на кариерата во белиот дрес. Французинот беше емотивен при напуштањето на теренот, кога целиот стадион се крена да го испрати актуелниот освојувач на Златната топка.

Бензема по завршување на натпреварот заврши во рацете на своите соиграчи.

Како што пишувавме претходно, се очекува Бензема да го замени дресот на Реал Мадрид со оној на Ал Итихад од Саудиска Арабија. Французинот со вкупно 25 трофеи е рекордер на Реал, а има и многу индивидуални награди од кои најважна е Златната топка за 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави