Search

Алкараз го збриша Мусети за четвртфинале на Ролан Гарос

Првиот светски рекет моментно и прв фаворит на годинешниот гренслем Ролан Гарос, Карлос Алкараз одигра уште еден фуриозен меч и без мака стигна до четвртфиналето откако во три сета попладнево го збриша Лоренцо Мусети со 6-3, 6-2, 6-2.

Алкараз му се освети на Мусети за поразот во Хамбург лани, а тоа го направи убедливо со само седум загубени гемови во трите сета, па воопшто не беше доведена во прашање победата на Шпанецот на денешниот меч.

Првиот светски рекет денеска загуби само двапати на свој сервис, ама секојпат кога Мусети ќе направеше брејк, се соочуваше со уште подобар Алкараз кој експресно возвраќаше. Сѐ почна со 2-0 за Мусети, за Алкараз да направи пресврт на 3-2 и потоа да стигне до водство од 1-0 во сетови (6-3), а потоа уште поубедливо играше.

Во вториот сет Мусети направи брејќ по 2-0 за Шпанецот, но до крајот освои само уште еден гем, за во последниот во петтиот гем да дојде до брејк, потоа поведе со 4-2 и сѐ заврши.

Алкараз лани дојде до четвртфинале на Роланд Гарос, сезонава својот најдобар пласман го израмни, ама како игра и колку е сигурен никој не се сомнева дека може да дојде и до трофејот.

Во четвртфиналето, но во женска конкуренција ќе игра и Елина Свитољина, која ја елиминира Дарија Касаткина по два сета – 6:4, 7:6.

Свитољина направи два брејка во првиот сет поведувајќи со 4:1, но Касаткина успеа да врати еден и да намали на 4:3. Таа не можеше повеќе од тоа во првиот сет.
Во вториот Касаткина поведе со 2:0, Свитољина направи два брејка и поведе со 3:2.

Сепак, веќе во следниот гем Касаткина го врати брејкот и израмни (3:3), но повторно дозволи на противничката да и го одземе сервисот (4:3).

Свитољина потоа сервираше за меч најпрвин во 10., а потоа и во 12. гем. Касаткина двата пати го враќаше брејкот, но во тај-брејкот не можеше да ги одмери силите со 109. тенисерка на ВТА листата.

Треба да знаете
Последни објави