Search

ЈО: Возачот на скопскиот „Шевролет“ претекнувал и изгубил контрола кога се враќал дома од веселба во Кочани

Дополнителни лабораториски анализи ќе покажат колку поточно алкохол во крвта имал возачот на „Шевролетот“ чија петнаесетгодишна ќерка, сопруга и баба загинаа во несреќата што се случи вчера попладне на автопатот Штип – Миладиновци, кога семејството се враќало дома од веселба во Кочани, велат од Јавното обвинителство. Оттаму појаснуваат дека првичните податоци по увидот укажуваат оти возачот претекнувал друго возило кое во моментот на незгодата било во паралелна линија.

„Во моментот на престигнувањето, возачот на „Шевролетот“ со скопски регистарски ознаки загубил контрола врз возилото, па најпрвин удрил во левата банкина, а потоа се одбил и удрил во автомобилот возило „Тојота“ со кочански регистарски ознаки, кој го претекнувал. Како последица на сударот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, при што животот го загубиле три лица од скопскиот автомобил – сопруга, ќерка и мајка на сопругата на возачот.“

Останатите четири лица што учествувале во несреќата се здобиле со повреди, а најтешки лекарите констатирале кај еден од двајцата патници во кочанското возило, совозачот.

Од Обвинителството соопштија дека на местото на несреќата бил повикан и сообраќаен вештак, се обезбедува медицинска документација за повредените и починатите, а откако ќе заврши целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката.

Треба да знаете
Последни објави