Search

Совет за српските туристи кои тргнуваат на одмор во Грција дека најевтин бензин и нафта во регионот има во Македонија!

Српските граѓани кои со своите автомобили ќе се одлучат да замината на летување во Грција, пред тргнувањето кон омилените летувалишта на Егејското море деновиве добиваат совети каде да ги полнат своите резервоари со гориво. Медиумите кај северниот сосед им излегуваат во пресрет со тоа што им правта спореди за цените на горивото на бензински пумпи во Србија, и оние кои ќе ги имаат попатно во Македонија и Грција.

Пресметките покажуваат дека во Македонија ќе можат да натрочат најевтин бензин и дизел гориво.

Српски „Курир“ направи споредба на цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот, според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од минатиот месец.

Цени на бензинот евро премиум БМБ 95 за литар:

Македонија 1, 308 евра

Бугарија 1.288 евра

Босна и Херцеговина 1.322 евра

Хрватска со 1.450 евра

Словенија со 1.380 евра

Србија 1.518 евра

Унгарија 1.551 евро

Црна Гора 1.490 евра

Австрија 1.550 евра

Албанија 1.571

Грција 1.865 евра.

Цени на дизелот за литар:

Македонија 1.121 евро

Бугарија со 1.236 евра,

Хрватска 1.440 евра

Босна и Херцеговина 1.245 евра

Црна Гора 1.340 евра

Словенија 1.424 евра

Унгарија 1.499 евра

Србија 1.578 евра

Австрија 1.488 евра

Грција 1.556 евра

Албанија 1.571 евра

Италија 1.662

Треба да знаете
Последни објави