Search

Битиќи со синот Генти го посетија адреналинскиот парк во Скопје

Ден за одмор од рутината за да поминам квалитетно време со синот Генти во активности на отворено, едно вистинско освежувачко искуство. Прекрасно си поминавме во Андреланскиот парк во Скопје, и посебно се радувам што овој парк реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност“ средства на ЕУ и владата на Северна Македониа е полн погодок, бидејќи со неговата понуда, за нашите родители и за нивните најмили создава убави спомени кои ќе траат со години, а Скопје доби една атрактивна дестинација од алтернативниот туризам.

Особено ме радува фактот што 57-те проекти во 10 туристички дестинации низ Северна Македонија реализирани преку оваа програма значително влијаат врз нашиот локален туризам, но и врз целокупната економија на Република Северна Македонија преку зголемување на туристичката понуда, и секако нови работни места.

Треба да знаете
Последни објави