Лајпциг го одбрани трофејот во Купот на Германија

Лајпциг го одбрани трофејот во фудбалскиот Куп на Германија откако во финалето го совладаа Ајнтрахт Франкфурт со 2:0.

На Олимпискиот стадион во Берлин, први се заканија „биковите“ преку Вернер, а пред крајот на полувреме Нкунку шутираше покрај голот.

Ајнтрахт подобро го почна вториот дел, кон средината Геце упати удар кој одбрани Блазвих, а потоа стигна казната. Се играше 71. минута кога Кристофер Нкунку по една долга акција го совлада немоќниот Трап за водство на Лајпциг.

Ајнтрахт фрли се на една карта се или ништо,а тоа на најдобар начин го искористи Доминик Собослаи кој во 85-тата минута постигна гол и ја обезбеди победата од 2:0.

За Лајпциг ова беше втор трофеј во клупската историја откако првиот го освоија минатата година.

Треба да знаете
Последни објави