Search

Стефче Алушовски е нов тренер на ГРК Охрид

Охрид предмалку објави дека за нов тренер го поставува искусниот македонски стратег Стефче Алушовски.

Со оглед на амбициите кои ги има клубот, а и најавите за следната сезона, ГРК Охрид очигледно дека реши да го доведе најдоброто можно тренерско решение во моментов.

Алушовски во својата тренерска кариера досега ја мина во екипите на Пелистер, Еурофарм Работник и Вардар, како и во исландскиот Тор Акурејри. Како играч има богата ракометна кариера во големите македонски тимови РК Пелистер, РК Јафа Промет, РК Вардар и Металург.

“Среќен сум што повторно после двегодишна пауза се враќам во македонакиот ракомет, а посебно затоа што го превземам амбициозниот проект на РК Охрид. Во разговор со градоначалникот на Охрид г-дин. Кирил Пецаков и се она што ми беше презентирано како идни планови на клубот претставуваат убав и голем предизвик за мене да сите заедно направиме од РК Охрид репрезент на градот кој несомнено сака спорт и знае што е квалитетен спорт. Среќен сум и возбуден бидејќи претстои макотрпна работа на сите во клубот да го доведеме РК Охрид на едно повисоко скалило односно клуб кој ќе настапува во Европа и достојно ќе го репрезентира македонскиот и охридскиот спорт.” – изјави новиот тренер на ГРК Охрид, Алушовски.

Треба да знаете
Последни објави