Search

Пендаровски на инаугурација на Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, утре ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Анкара, информираат од Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара. 

Треба да знаете
Последни објави