Search

Ова е Љиљана Аксентијевиќ, жената која Курти ја нарече водач на терористите од Звечани

Љиљана Аксентијевиќ, вработена во општина Звечан, која премиерот на Косово Албин Курти од од собраниската говорница ја означи како водач на терористите од Звечан, го отвори срцето и пред српските и пред албанските медиуми и истакна дека од обвинувањата од Приштина и е тешко.

Љиљана цел живот живее во Звечан, а поради повреда на кичмата има проблеми и со долните екстремитети.

-Јас не сум терорист, само овде сум на моето работно место, сакам да го бранам своето работно место, да работам во општината како порано. И јас не сум терорист, ниту ќе бидам.

Видно вознемирената Љиљана праша по коментарот на новинарот дека денес Курти ја означил како терористички лидер „Дали личам на терористички лидер?

Потпретседателот на Српската листа, Игор Симиќ, додаде дека г-ѓа Љиљана Аксентијевиќ е почитувана граѓанка на општина Звечан, некој што живеел и со Срби и со Албанци и живее во оваа општина и дава услуги на сите граѓани, без разлика на националноста.

Курти ја искористи седницата да ги таргетира Србите кои живеат на Косово и Метохија, наведувајќи ги нивните имиња и обвинувајќи ги за немири во Звечан.

Курти ги објави имињата на некои од луѓето за кои рече дека се главни организатори на немирите на северот во последните денови.

Треба да знаете
Последни објави