Search

Колку пари дава Ал-Хилал за да го ангажира Меси !?

Најдобриот фудбалер на последното СП-2022, кое се одржа во Катар, Аргентинецот Лионел Меси на крајот од сезоната си заминува од Пари Сен Жермен. Со тоа почнаа да се лансираат и приказните за неговата преселба во Саудиска Сарабија, во тимот на Ал-Хилал.

Во Саудиска Арабија веќе настапува Кристијано Роналдо во тимот на Ал-Наср. Тимоит на Ал-Итихад се очекува да го ангажира Бензема, а третиот гигант во тамошното првенство тргна во лов на Меси.

Ал-Хилал подолго време се обидува да го убеди Аргентинецот, а за тоа му нуди се што ќе посака. Во јавноста се појави договорот кој му се нуди според кој ќе зарабиотува 600 милиони евра по сезона. Договорот треба да биде двегодишен, што значи дека Меси ќе заработи 1,2 милијарди евра.

Каков е договорот на Меси?

Годишно: 600.000.000 евра
Месечно: 50.000.000 евра
Неделно: 11.500.000 евра
Дневно: 1.650.000 евра
По час: 68.400 евра
По минута: 1.141 евра
По секунда: 19 евра

Покрај Ал-Хилал, за Меси заинтересиран е и неговиот поранешен клуб Барселона, но проблем е буџетот на актуелниот шпански шампион.

Треба да знаете
Последни објави