Search

Милевски објави поширок список со еден дебитант за дуелите со Украина и Англија

Македонскиот фудбалски селектор Благоја Милевски го објави списокот на репрезентативци за престојните јунски квалификациски натпревари од групата за ЕП-2024, против Украина во Скопје и против Англија во Манчестер.

Македонија на двата натпревари ќе биде без стандардните напаѓачи Дарко Чурлинов и Бојан Миовски. Ново има на поширокиот список е дебитантот Сефер Емини.

Подготовките за овие натпревари ќе се одвиваат во две фази. Група фудбалери кои ги завршија своите клупски обврски или настапуваат на домашната сцена ќе почната со тренинзи веќе утре (петок, втори јуни). Официјалниот собир на сите фудбалери е на десетти јуни во хотелот „Хилтон“ во скопската населба Аеродром. 

Дарко Чурлинов неочекувано отпадна во последен момент и ќе мора да го прескокне јунскиот собир поради здравствени причини, а Миовски заработи незгодна повреда на зглобот поради која ќе мора да паузира до 10. јули.

Македонија со Украина игра на 16 јуни на арената „Тодор Проески“ во Скопје, а на 19 јуни на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе се соочи со Англија.

Треба да знаете
Последни објави