Search

Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари

Американскиот претседател Џозеф Бајден одобри нов пакет воена помош за Украина од 300 милиони долари, кој вклучува дополнителна муниција за дронови и друго оружје, соопштија синоќа американските власти.

Новиот пакет вклучува муниција за украинската одбрана од руски напади врз Киев од воздух: за ракетни батерии Патриот, за ракетни системи со висока подвижност (Химарс), како и за противвоздушни одбранбени системи Авенџер и Стингер.

Помошта вклучува и опрема за отстранување мини, противтенковски гранати, ненаведувани ракети Зуни, опрема за ноќно гледање и околу 30 милиони парчиња малокалибарско оружје. На списокот се наоѓа и необјавена количина на други видови муниција.

Треба да знаете
Последни објави