Англија без Белингем против македонската фудбалска репрезентација

Англискиот фудбалер Џуд Белингем нема да биде дел од репрезентацијата на „Гордиот Албион“ на претстојните квалификациски натпревари од групата за Европското првенство во 2024 година, што значи дека ќе го пропушти натпреварот со македонската селекција.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд ќе биде опериран поради проблеми со коленото. 

Белингем пред неколку дена ја доби наградата за најдобар фудбалер во Бундеслигата за сезоната 2022/23. 

Англија на 16 јуни гостува на Малта, а три дена подоцна ја пречекува македонската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави