Search

Халанд: Гвардиола е најдобриот тренер и најпаметниот играч што сум го сретнал

 Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд проговори за главниот тренер на клубот Хосеп Гвардиола. 

– Гвардиола ме развиваше во текот на целата сезона. Конечно добро се запознавме. Јас и сите играчи сме мали составни делови на тимот. На крајот сè се сведува на фактот дека едноставно морам да го слушам, бидејќи тој е најдобриот тренер и најпаметниот играч што сум го сретнал, изјави Халанд. 

Дваесет и двегодишниот фудбалер оваа сезона забележа 51 настап за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 52 гола и девет асистенции. 

Граѓаните на 3 јуни ќе играат против Манчестер Јунајтед во финалниот натпревар од ФА Купот. На 10 јуни, Сити ќе се соочи со Интер во финалето на Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави