Search

Димитриевски: МТСП ги одзема ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување директор во градинката Ангел Шајче, ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата 

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска одржа прес-конференција на којашто информираше за случувањата во однос на избор за директорка во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче” во Куманово.

Во продолжение го пренесуваме неговото обраќање во целост:

Сакам да ја информирам јавноста дека во текот на вчерашниот ден до Општина Куманово пристигна решение од Министерството за труд и социјална политика на коешто е потпишана ресорната министерка дека се одземаат ингеренциите на Општина Куманово за поставување и разрешување на директор во ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче” и исто така за поставување и разрешување на в.д. директор во оваа институција.

Искрено сум разорачан, се потврди со ова решение дека историјата се повторува. Оваа централна власт не се согласува со неистомислениците, секогаш мора да се работи по нивен диктат и ова е најгрубо кршење на децентрализацијата во државата.

Со ова само потврдуваат уште еднаш дека имаат за намера спротивно статутот на оваа институција да постават директор во истата институција која веќе незаконски е околу 20 години директор на ЈОУ Детската градинка Ангел Шајче.

Искрено сум разорачан, но борбата на општината нема да застане, ќе ги искористиме сите правни средства, истото решение ќе го обжалиме пред надлежен суд и ќе ја водиме нашата борба во делот на поголема децентрализација, бидејќи сметаме дека оваа јавна институција заслужува да има подеднаков третман како и останатите и да излезе од партиските пранги кои во моментот сè се поцврсти”, изјави Димитриевски.

Треба да знаете
Последни објави