Search

Гвардиола го сака Ковачиќ, Челзи подготвен за трансфер

Играчот од средниот ред на Челзи, Матео Ковачиќ е на прагот на англискиот шампион Манчестер Сити, објави Фабрицио Романо, новинар специјализиран за трансфери на играчи.

„Граѓаните“ почнаа преговори околу трансферот на 29-годишниот играч за врска, а во исто време Сити преговара за условите од личниот договор на хрватскиот репрезентативец.

Челзи е подготвен за трансферот на Ковачиќ како дел од реконструкцијата на средниот ред.

Хрватот одигра 37 натпревари за „сините“ во сите натпреварувања и постигна два гола и две асистенции.

Треба да знаете
Последни објави