Search

Во Будимпешта вечерва ќе биде крунисан победникот во Лига Европа

Будимпешта вечерва (21 ч.) ќе биде домаќинот на првото од од трите европски клупски фудбалски финалиња – Лига Европа. На „Арената Пушкаш“ за пехарот ќе се соочат шпанската Севилја и италијанската Рома. Шпанскиот состав не знае за пораз во финалните мечеви во второто по ранг клупско натпреаврување, каде има освоено шест титули. И тренерот на „римската волчица“ трофејниот португалски стартег Жозе Мурињо не знае за пораз кога станува збор за финални мечеви на европска сцена со екипите кои ги продводел. Една победничка низа во финалните мечеви веќерва ќе заврши.

Севилја е специјалист за Лигата на Европа, трофеј што го има освоено четири пати и два пати додека натпреварувањето се викаше УЕФА Куп. Андалузијците немаат загубено финале во вториот по ранг европски Куп, а на спротивната страна ја имаат Рома, која е предводена од Жозе Мурињо.

Португалецот пак е тренер, кој досега нема пораз во својата кариера во европско финале. Лани со „волчицата“ стигна до трофејот во Конференциската лига, што беше прв европски трофеј за италијанскиот тим. Претходно ја освои Лигата на Европа со Манчестер јунајтед, со Интер триумфираше во Лигата на шампиони, а со Порто во УЕФА Купот и Лигата на шампиони.

Треба да знаете
Последни објави