Search

Вардар го доведе српскиот бек Петриќ

Талентираниот српски ракометар Стефан Петриќ (22) во следните две сезони ќе биде член на РК Вардар 1961, објави актуелниот освојувач на Купот. Повеќекратниот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот, донесе засилување на левата бековска позиција со кое почнува освежувањето на тимот и создавање на екипа која ќе настапува следната година.

Петриќ доаѓа од екипата на Партизан каде досега настапуваше и ова ќе биде негово прво интернационално искуство. Тој е дел од младинската репрезентација на Србија и настапуваше и на СП за играчи до 19 години што се играше во Македонија.

Тој е син на поранешниот играч на Вардар, Владимир Петриќ, кој својата кариера ја заврши токму во дресот на „црвено-црните“.

Треба да знаете
Последни објави