Search

Ѓоковиќ се нервираше и пак му викаше на Иванишевиќ, но го „растури“ Унгарецот

Новак Ѓоковиќ оствари нова победа на Ролан Гарос и прескокна уште една пречка на патот до нова титула! Српскиот тенисер денеска победи против Мартон Фучовиќ со 3:0 во сетови (7:6, 6:0, 6:3)!

Новак одлично го отвори денешниот меч, но фуриозното издание на српскиот ас не траеше долго. Новак стигна до брејк во раната фаза од мечот, имаше големи 5:2, а потоа во играта на српскиот ас дојде до пад, кој Фучовиќ го искористи и врати на 5:5.

Победникот од првиот сет го добивме по тај-брејк, каде Новак победи лесно со 7:2. Првиот сет траеше неверојатни 87 минути, Новак се мачеше, беше нервозен, но во остатокот од мечот се виде сосема поинаква слика.

Фучовиќ се трудеше колку што можеше, во првиот сет пружи силен отпор против ривалот, но во продолжението како да остана без сили.

На Новак се му одеше добро, тој одигра како што сака, целосно го контролираше мечот и го „исчисти“ ривалот во вториот сет кој го доби без загубен гем.

И Новак одлично го отвори третиот сет, брзо стигна до брејк, но Фучович веднаш возврати во вид.

Во следното коло за противник на Новак е шпанскиот тенисер Алехандро Давидовиќ Фокина, кој се пласираше во третото коло на Ролан Гарос откако го совлада Французинот Лука ван Аше со 6:4, 6:3, 7:6.

Да потсетиме, последен пат кога се сретнаа, Давидовиќ Фокина го победи Ѓоковиќ со 2:1 во Монте Карло.

За време на првиот сет српскиот ас се сврте кон својот „бокс“ и го критикуваше својот тренер Горан Иванишевиќ, исто како на турнирот во Рим.

„Стани, стани, не можам да те слушнам, да те е**м!“ им викна Новак на италијански јазик на тренерот и стручниот штаб.

Треба да знаете
Последни објави