Search

Јувентус се спаси од ново одземање на бодови, ќе плати парична казна од 720.000 евра

Повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус нема да се соочи со ново одземање бодови сезонава поради финансиските малверзации на поранешната управа, откако луѓето од клубот постигнаа договор со обвинителството за помала казна во случајот со лажирање на висините на платите и исплаќањето на провизии кон агентите.

Јувентус ја признаа вината, а за возврат не им беа одземени бодови по втор пат, туку им беше одмерена парична казна во износ од 720.000 евра. Овој договор денеска беше потврден од судот, со што стана и официјален.

За разлика од клубот,поранешниот претседател на Јуве, Андреа Ањели, одби да признае вина за огромниот скандал, што ќе значеше продолжување на неговата суспензија. Поради ова, судот го одреди 15 јуни како датум за почеток на судскиот процес против поранешниот прв човек на „старата дама“.

Треба да знаете
Последни објави