Search

Регионална конференција „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Региналниот центар на Инцијативата за миграции, азил и бегалци (МАРРИ) и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) денеска ја организираат регионалната конференција „Успешни заедно! Регионални увиди и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“.

На конференцијата воведни обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, заменик амбасадорот на Германија во државава Отто Граф, директорот на ГИЗ во Северна Македонија Давид Оберхубер и директорот на МАРРИ Регионален центар Сашко Коцев. 

Конференцијата се организира по повод завршувањето на четиригодишниот регионален проект „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“, имплементиран од страна на ГИЗ заедно со МАРРИ како стратешки партнер. 

Целта на конференцијата е да овозможи платформа за размена на знаења и искуства во врска со начините на ефикасно спречување на трговијата со луѓе како и обезбедување на подобра поддршка на жртвите и потенцијалните жртви на трговијата со луѓе, а бројни регионални актери вклучени во имплементацијата на проектот ќе имаат можност да ги прикажат постигнатите резултати.

Треба да знаете
Последни објави