Search

Ван дер Сар го напушти Ајакс

Голманската легенда на Холандија, Едвин Ван Дер Сар си поднесе оставка од позицијата генерален менаџер на Ајакс, по долгите притисоци.

Некогашниот европски шампион со Ајакс (1994-95) беше прв човек на клубот од 2016, меѓутоа во последната година и пол седеше на огнено столче, кое се вжешти до зона на неподносливо откако клубот ја заврши сезонава на трето место во холандската Ередивизие. Не само што тоа е најлошиот пласман на клубот во последните 14 години, туку значи и дека нема да игра во Лигаа на шампионите следната сезона, факто кој ја прели чашата.

„По, речиси, 11 години во клупскиот борд, јас завршувам. Искусивме прекрасни нешта, но исто така имавме и многу тежок период. Многу сум благодарен на луѓето кои ги запознав за време на мојата втора кариера во Ајакс и со кои работев за се што постигнавме и искусивме. Сега чувствувам дека треба да се дистанцирам, да се опуштам и да правам други нешта. Не чувствувам дека е правилно да носам одлуки за иднината на овој прекрасен клуб во преиодот кој доаѓа. Затоа решавам да завршам сега“

Првите посилни огнени стрели кон Ван Дер Сар беа некаде околу година и пол, кога спортскиот директор Марк Овермарс си замина од клубот, а потоа и Тен Хаг отиде во Манчестер јунајтед и за сето тоа навивачите го обвинија него. Минатото коло, кога Ајакс го играше последниот натпревар на домашен терен за оваа сезона, против Утрехт, Ван Дер Сар од сред терен, со микрофон се обрати по повод заминувањето во пензија на Марк Стекеленбург, налета на симфонија од свирежи од „Јохан Кројф арена“, што беше доволен знак за неговата популаност меѓу навивачите.

Треба да знаете
Последни објави