Search

Службениот премиер на Грција му ја честитал победата на Ердоган

Службениот премиер на Грција Јоанис Сармас преку писмо му ја честитал победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави дописничката на МИА од Атина. 

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Сармас во писмото му го честитал реизборот на Ердоган и му посакал мир и просперитет на турскиот народ.

Треба да знаете
Последни објави