Search

Седум ракометари заминуваат од шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер

Со доделување на свечени подароци, синоќа во Битола, Еурофарм Пелистер се раздели со ракометарите кои на крајот од оваа сезона го напуштаат клубот.

Во новото домашно и меѓународно натпреварување,  боите на битолчани нема да ги бранат Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Мартин Велковски, Себастијан Хенеберг, Мохамед Суси, Усама Хосни и Бојан Маџовски.

Според востановената традиција, јавна благодарност за придонесот во клубот и успех во понатамошната кариера на ракометарите што заминуваат од Битола им посака претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев. 

Треба да знаете
Последни објави