Search

КФОР во Звечан со солзавец и гумени куршуми против демонстрантите кои возвратија со камења и шишиња, повредени 50-ина Срби

Повеќе од 50 граѓани дошле во КБЦ во Косовска Митровица со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција, откако насобраните Срби во Звечан биле нападнати од КФОР.

Доктор Златан Елек, директор на болницата за „Новости“ вели дека еден маж моментално е во операциона сала и лекарите се борат за неговиот живот. Тој неофицијално има прострелна рана во пределот на карлицата.

Едно лице кое е тешко повредено моментално е во дијагностичка фаза. А, меѓу повредените е и доктор Драгиша Миловиќ, претседателот на општина Звечан, кој беше погоден во пределот на градниот кош, но не се знае од што.

Пред општина Звечан на северот на Косово попалднево дојде до ескалација на ситуацијата откако насобраните граѓани се обиделе да влезат во општинската зграда, јавуваат попладево српските медиуми. Силите на КФОР кои утрово во полна опрема беа распоредени на местото интервенирале со одвраќање на насобраните, употребувајќи солзавец, а како што пренесува спрскиот национален радиодифузер – РТС, бил употребени и шок бомби.

По ова уследила реакција на толпата, која почнала да фрла со камења, стаклени шишиња и други предмети кои им дошле при раце.  

Припадниците на КФОР беа распоредени пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Внатре во зградите има припадници на косовската полицијата, пренесува РТС. Србите на северот на Косово протестираат во обид да ги спречан новите градоначалници на општините да ги преземат функциите по вонредните локални избори што се одржаа на 23 април, а кои беа бојкотирани од српското мнозинско население.  

Силите на КФОР ја спровеле акцијата во обид да преместат две оклопни полициски возила со специјалци кои биле опколени од насобраните граѓани.  

Како што јавува српската национална телевизија во настаните наводно има повредени лица, а конфликтот се прелева и во другите делови на градот.  

Распоредените сили на КФОР, како што пренесува регоналниот сервис на Радио Слободна Европа, претходно ги предипредиле демонстрантите во Звечан, кои денеска претпладне повторно излегоа пред општинската зграда, да се повлечат, но нивните апелии не биле прифатени.  

Граѓаните кои се судрија со КФОР, по интервенцијата се повлекле до такси станицата во Звечан, каде како што јавува Н1 има најмалку едно возило на Итна помош. 

Од правец на Звечан кон Косовска Митровица досега под ротациски светла пристигнале најмалку три медеициски возила, а од Митровица кон Звечан тргнале неколку амбулатни возила.  

Според Н1 ситуацијата сега е донекаде смирена, но повремено, како што јавува, се фрлаат камења и шок бомби, но во помали размери.  

Треба да знаете
Последни објави