Search

Курти: Разговарав со Борел за постизборниот процес во северно Косово

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека имал телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел на актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините во северно Косово.

– Избраните градоначалници на северот ќе даваат услуги за сите граѓани, напиша Курти на Твитер по полноќ.

Тој додаде дека е важно да се интензивира дијалогот за целосно спроведување на Основниот договор меѓу Србија и Косово. 

Треба да знаете
Последни објави