Search

Киличдароглу го победи Ердоган во Македонија

Турција во неделата го реизбра Реџеп Таип Ердоган за претседател. Во вториот круг од изборите, после 99,85% изброени гласови, Ердоган освои околу 52,16 отсто од гласовите, пред Кемал Киличдароглу со 47,84%.

Во Македонија сликата е поразлична. Како што објавија од Анадолија, од четири гласачки места во земјава, Киличдароглу победил со 916 гласови, пред Ердоган со 761.

Според објавените податоци, во Македонија право на глас имале 1686 граѓани, а валидни биле 1677 гласачки ливчиња.

Во својот победнички говор, Ердоган од Анкара рече дека нема губитници и дека „само Турција е победник“, но ја критикуваше опозицијата и ЛГБТК заедницата.

Треба да знаете
Последни објави