Search

Децата во Чачак преплашени, по трагедијата во Белград, се плашат и од дојавите за бомби

Учениците ширум Србија, според написите во српските медиуми, немаа мирно утро, бидејќи дојавите за бомби повторно пристигнаа во училиштата низ земјата.

„Наставниците веднаш ги извадија децата од училниците и во училишниот двор. Родителите на децата од прво и второ одделение се известени да ги носат децата кои се видно исплашени дома. По истрагата и прегледот, постарите се вратени на редовна настава. Поради се што се случуваше во училиштето во Белград, секој дополнителен стрес ни паѓа уште потешко. Загрижени сме, едвај чекаме децата да одат на одмор“, изјавил еден од родителите за агенцијата „РИНА“.

Дојава за лажната бомба стигнала и во основното училиште „Свети Сава“ во Атеница, но освен во Чачак, дојави стигнале и на адресите на училиштата во Белград, Крагуевац и Нови Пазар.

Последните недели низ цела Србија зачестија извештаите за бомби, а децата се чувствуваат исплашени по страшните настани. Порано дојавите за бомби не предизвикуваа страв кај учениците, што денес не е случај, бидејќи според нивните сведоштва, вознемиреноста се зголемува, пишуваат локалните медиуми.

Денеска беа пријавени бомби во неколку училишта низ Србија и 5 училишта во Белград.

Децата се евакуирани од тие училишта, додека припадниците на МУП вршат контраразузнавачки проверки за да утврдат дали пријавите се лажни.

Треба да знаете
Последни објави