Search

Вучиќ: Не КФОР, туку припадник на РОСУ со „калашников“ пукал кон демонстрантите

Претставниците на српската листа беа тепани, еден е потешко повреден и е во болница, полицијата сакала да ги тепа претставниицте на српската листа, Србите ги бранат и ги маваат со солзавец и шок-бомби.

-Припадник на РОСУ, не на КФОР, со „калашников“ пукал и испукал неколку куршуми во правец на Србите. Драгиша Гаљак бил застрелан од зад грб. Два куршуми го погодиле. Тој беше опериран, а сега е на интензивна нега. Веруваме дека ќе преживее доколку нема компликации. Тогаш Србите одговорија со камења, соопшти на денешната прес-конференција српскиот претседател Александар Вучиќ, кој апелира медиумите да не пренесуваат непроверени информации.

-На повеќе места се снимани снајпери, повредени се вкупно 52 Срби кои побарале помош во болницата, три се потешко повредени, има повеќе повредени но не побарале помош во болница.

Вкушно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети, се надеваме дека ниту еден не е животно загрозен. За ова е одговорен само Албин Курти, вели Вучиќ.

Вучиќ рече и дека со месеци официјален Белград предупредува дека Курти има само една желба, а тоа, како што рече, е „да предизвика конфликти на Косово и Метохија и да доведе до крвопролевање во целиот регион“.

-Малкумина сакаа да ја слушнат вистината, малкумина сакаа да разберат што се случува на Косово, рече Вучиќ.

Вучиќ вечерва изјави дека војниците на КФОР не ги заштитиле Србите на северот на Косово и не го спречиле незаконското и насилно преземање на власта во општините со српско мнозинство, иако дале гаранции дека тоа ќе го сторат.

„Војниците на КФОР не ги заштитија Србите и не го спречија незаконското и насилно преземање на општините и насилството на кое беа изложени Србите, иако тие постојано даваа гаранции дека ќе го сторат тоа“, рече Вучиќ за време на своето обраќање на јавноста за ситуацијата во Косово.

Вучиќ рече дека КФОР со бодликава жица ги опколил зградите на локалните самоуправи во четири општини и додаде дека тоа требало да го направи во петокот и со тоа да ги спречи новоизбраните албански градоначалници да влезат во тие згради.

„Наместо тоа, ги пуштија лажните општински градоначалници да влезат во општинските згради за да ги заштитат од Србите, наместо да го прават спротивното. Обратно што требаше да го направат, ќе беше во согласност со изјавите, макар и декларативни, од Квинтата, ЕУ и САД, кои велат дека ова е погрешен и незаконски потег на (косовскиот премиер Албин) Курти да испраќа новоизбрани градоначалници во општинските згради“, рече Вучиќ, пренесе Бета.

Треба да знаете
Последни објави