Кубанци војуваат во Украина за руско државјанство, 5.000 долари во кеш и плата од 2.545 долари

Кубанските имигранти кои живеат во Русија ѝ се приклучуваат на руската армија откако претседателот Владимир Путин потпиша закон со кој се дава државјанство на секој што ќе се пријави во армијата, пишува New York Post.

„Неколку Кубанци“ беа однесени во областа на „специјалната воена операција“ во средата, откако потпишаа едногодишни договори, според Рјазањска газета, локална новинска агенција во регионот Рјазан во централна Русија.

Кубанците и другите кои ги потпишаа договорите ќе добијат еднократна исплата од руската федерална влада во износ од 2.433 долари и уште 2.500 долари од регионалниот буџет на Рјазан, се наведува во извештајот.

Исто така, наводно ќе добиваат месечна плата од 2.545 долари.

Распоредувањето на кубанските имигранти во Украина следи по минатонеделната најава дека Белорусија размислува за обука на кубански воен персонал.

Заменик-министерот за одбрана на Белорусија за меѓународна воена соработка, Валериј Ревенко, рече дека се сретнал со кубански претставници, вклучително и со военото аташе на Куба за Русија и Белорусија, полковник Моника Милијан Гомез.

„Најмногу внимание се посветува на обуката на кубанскиот воен персонал во Република Белорусија и планираното подобрување на воената соработка меѓу двете земји“, рече Ревенко во твитот на шпански.

Состанокот се одржа за време на изложба на оружје, соопшти Министерството за одбрана на Белорусија во кусо соопштение.

Останува нејасно каква обука може да добијат кубанските борци, но Еван Елис, професор по латиноамерикански студии на Воениот колеџ на американската армија, изјави за Мајами Хералд дека има голем број можности.

„Ова може да биде сè, од сајбер-разузнавање до обука за специјални операции или само „почетна“ размена за истражување на поширока поддршка“. „Белорусија можеби го прави тоа за Русија, бидејќи Русија во моментов нема капацитет“, рече тој.

Елис рече дека Белорусија, исто така, може да стане „координативно место“ каде Кубанците и другите можат да се состанат со Русите, а можеби и со други актери.

Треба да знаете
Последни објави