Експлозија во Риека, уапсен Германец и Хрват- имале уште две бомби

Доцна синоќа, околу пополвина час по полноќ била активирана експлозивна направа во близина на управната зграда на деловен субјект во близина на Tower центарот во Риека. За среќа, како што информираат од хрватското МВР нема повредени лица.

Непосредно, пред да се активира бомбата, околу полноќ, полицијата во Риека пред трговскиот центар во Кострена пронашла германски и хрватски државјанин, кои таму оставиле експлозивна направа. Двајца се приведени во полициска станица.

Полицијата ги поврзува осомничените со експлозијата на 21 мај кај Вежица во Риека, каде околу полноќ пред тамошниот трговски центар се случи експлозија. Оштетено е стаклото на вратата од трговскиот центар, но нема повредени.

Истрагата е во тек за да се утврдат сите факти и околности. За овој успех на полициските службеници на социјалните мрежи им честиташе министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

Треба да знаете
Последни објави