Search

Пипен: Џордан беше ужасен играч

Кој е подобар играч, Мајкл Џордан или Леброн Џејмс? Ова е прашање за кое со години се дебатира во кошаркарскиот свет, а заговорниците на кој било од овие двајца кошаркари имаат доволно добри аргументи за да веруваат дека се во право.

Во оваа дискусија беше вклучен и Скоти Пипен, легендарниот соиграч на Џордан, без кого Чикаго Булс тешко дека ќе освоија шест шампионски титули во НБА.

– Не знам кој е подобар, кошарката е тимски спорт – рече на почетокот Пипен, но потоа изненади со продолжението на одговорот:
– Статистички, Леброн Џејмс ќе биде најдобриот кошаркар на сите времиња. Го гледав Мајкл Џордан како игра пред да дојдам во Булс. Беше ужасен играч, ужасен за гледање. Сè во неговата игра беше еден на еден, имаше слаб избор на шут. Одеднаш станавме тим, почнавме да победуваме и светот заборави кој беше Џордан пред тоа, изјави Пипен, кој во оваа дебата застанува на страната на ‘Тим Леброн’.

Скоти Пипен три години е емотивно повреден од начинот на кој беше прикажан во документарниот филм за Мајкл Џордан „Последниот танц“. Оттогаш даде серија горчливи изјави за најдобриот кошаркар на сите времиња.

Сепак поради збороти „ужасен“, јавноста му се наути на Пипен. Дополнителна прашина крена неколку часа подоцна кога на Инстаграм објави фотографија од детството под која напша: „Од скромни почетоци до шест првенства, два златни медали, Куќата на славните и предводење на Чикаго Булс до триумфи во плејофот. Да наздравиме за неопеаните херои“.

Треба да знаете
Последни објави