Search

СПМ: Процесот на уставните измени започнува и се завршува исклучиво во Собранието

Социјалистичката партија на Македонија реагира до претседателката на ткн.Работна група на неколку факти кои можеби се уште и останале непознати.

Ја упатуваме дека процесот на уставните измени започнува и се завршува исклучиво во Собранието на Република Македонија согласно Деловникот и Уставот, а за тоа одлучуваат самите пратеници.

Работна група за уставни измени пред воопшто Собранието да одлучи со двотретинско мнозинство за потребата од измени Уставот не познава.
И укажуваме на госпоѓата дека таа како познавач на правото може да се вклучи во дебатата за измените, односно уставните амандмани единствено во Устаната комисија како собраниското матично тело или во други дебати на таа тема.

Оттаму е впечатокот дека почитуваната е ставена во функција на политичко правниот инженеринг на нелегитимната Влада за што е очигледна нејзината согласност судејќи по нејзината енергија.

Социјалистичката партија на Македонија со жалење го констатира свесното прифаќање на бившата судијка на улогата на моментална алатка за еднократна употреба.

Информативна служба на СПМ

Треба да знаете
Последни објави