Search

СДСМ: Откако потонаа лагите за бугаризација нови небулози на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за редефинирање

Тврдењата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводно редефинирање на државата, се уште едни од низата неболузи што опозицијата постојано ги пласира, за замајување на јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ и во минатото пласирала лаги што до ден денес, со факти, се целосно демаскирани.

Истата таа опозиција зборуваше дека во државата ќе дошле милиони мигранти, па дека државата ќе се кантонизирала.

Потоа кажуваа дека со гласањето на францускиот предлог ќе сме станале бугаризирани и асимилирани, дека македонскиот јазик ќе станел бугарски дијалект.

Ништо од тоа не се случи, откако им потонаа сите лаги за бугаризација и асимилација шират нови небулози, кои само создаваат хистерија и страв, а не прават ништо добро.

Треба да знаете
Последни објави