Search

Во руски напад врз болница во Днипро загина едно лице

Украина соопштија дека во ракетен напад утрово врз клиника во градот Днипро загинало едно лице, а најмалку 15 биле ранети, меѓу кои и две деца. Локалните медиуми објавија дека по нападот двокатна зграда во Днипро била во пламен поради што интервенирале пожарникари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека „нелуѓето“ кои го започнале нападот мора да бидат поразени.

Во меѓувреме, град во рускиот регион што се граничи со Украина се нашол под удар на украинска артилерија. Украина вчера соопшти дека нејзините сили собориле 36 беспилотни летала од иранско производство, кои Русија ги користела за напад на области во западна Украина.

„Продолжувајќи да ја тероризира Украина, непријателот употреби 36 шахиди. Ниту еден од нив не стигна до својата цел. Благодарност до нашите сили за воздушна одбрана за 100 отсто резултат“, рече Зеленски.

Сергеј Аксјонов, лидерот на Крим окупиран од Русија, рече дека вчера противвоздушната одбрана соборила шест беспилотни летала во текот на ноќта.

Тој на Телеграм рече дека никој не бил убиен или повреден.

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, во видео објавено вчера изјави дека неговите сили почнале да се повлекуваат од украинскиот град Бахмут.

Пригожин рече дека руската војска доаѓа да ги замени силите на Вагнер и дека неговите единици ќе го завршат своето повлекување до први јуни.

Соопштението дојде еден ден откако Пригожин рече дека долгата битка за Бахмут убила 20.000 негови борци.

Треба да знаете
Последни објави