Search

Шведската амбасадорка во Москва повикана на разговор

Шведската амбасадорка Малена Мард денеска беше повикана на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде што беше информирана за одмазднички мерки за протерување на руски дипломати, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Таа беше информирана дека поради курсот на кралството кон конфронтација со Москва, од 1 септември ја прекинува работата на рускиот генерален конзулат во Гетеборг, пренесе РИА Новости.

Воедно, шефот на шведската дипломатска мисија беше информиран дека руската страна ќе ја повлече согласноста за активностите на Генералниот конзулат на Шведска во Санкт Петербург од 1 септември 2023 година, соопшти Министерството.

Руското Министерство за надворешни работи го оцени протерувањето на петмина вработени во руските странски агенции во април 2023 година од Шведска како отворено непријателски потег на Стокхолм.

Како што нагласија, овој чекор дополнително ја влоши состојбата во односите меѓу двете земји, кои веќе достигнаа невидено ниско ниво, меѓу другото и поради „русофобната кампања што е во тек во Шведска“.

Амбасадорот бил информиран дека руската страна за персона нон грата прогласила пет шведски дипломати, меѓу кои и одбранбеното аташе во шведската амбасада во Москва.

Ним им беше наредено да ја напуштат земјата во иста временска рамка како и шведските власти.

Треба да знаете
Последни објави