Search

Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во Казнено-поправните установи.

 Со измените , жените кои издржуваат казна затвор ќе ги имаат истите права и поволности како и мажите .

Предвидено е доколку осудено лице од женски пол, кое е осудено на казна затвор до три години или издржало казна затвор од три години да може да ги користи поволностите во согласност со правилникот и куќниот ред од КПУ „Идризово”.

 Со измените на Правилникот повеќе нема да има  дискриминација на осудените лица од женски пол во женското одделение, наспроти осудените од машки пол .

Треба да знаете
Последни објави