Search

Голем пожар во зграда во центарот на Сиднеј, евакуирани стотици лица

Во центарот на Сиднеј денеска пожарникарите се борат со големиот пожар кој зафати катна зграда, итната помош ја опколи областа, а засега нема информации за повредени.

Според објавените снимки, зградата се наоѓа во близина на централната железничка станица во Сиднеј, пренесува Ројтерс.

Стотици луѓе се евакуирани од областа бидејќи пожарот гори низ неколку нивоа на високата зграда.

Пожарникарите соопштија дека успеале да спречат пожарот да се прошири, иако зафатил некои станбени згради во близина.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 пожарникари со 20 противпожарни возила. Делови од зградата се урнале додека луѓето врескале и панично трчале.

Железнички сообраќај во близина на пожарот е во прекин до понатамошно известување, соопштија локалните власти.

Треба да знаете
Последни објави