Од почетокот на тековната седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 20 кубни метри кабаст, градежен и мешан комунален отпад од обемна дива депонија лоцирана на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош, во скопската општина Бутел.
Отстранети се и вкупно 40 кубни метри отпад од повеќе мини-депонии лоцирани на главната улица во општината Ѓорче Петров, на улицата Владимир Полежиновски зад Универзалната сала, како и на улицата Самоилова, во близина на Амбасадата на САД.
Воедно, во текот на вчерашниот ден, Претпријатието спроведе миење и дезинфекција на садовите за одлагање на отпадот заедно со нивните микролокации, на штотуку реконструираната улица Даме Груев во скопската општина Центар.
![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2023/05/viber_image_2023-05-25_07-54-22-904.jpg)