Search

Ковачевски: Нема повеќе описни формулации, успеавме и денеска има македонски јазик, и во ОН и во ЕУ

Нема повеќе описни или внимателни формулации како што имаше порано, јазикот на македонската литература, на македонската култура, ние успеавме и денеска има македонски јазик, официјализиран, по Обединетите нации и во Ервопската унија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од Охрид, во рамки на обележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители.

-Овој 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј и Ден на сесловенската писменост, го дочекуваме исправени и особено горди, затоа што македонскиот стандарден јазик, нашиот официјален јазик, е признат и е рамноправно прифатен меѓу официјалните јазици во Европската Унија. Нема повеќе внимателни формулации како до пред извесно време, на описно означување на нашиот македонски јазик, како: „јазик на македонската култура”, „јазик на македонската литература”, или „јазикот на Блаже Конески”, „јазикот на Матеја Матевски”, и сличноУспеавме и ние: денес македонскиот јазик е официјализиран, по Обединетите нации – и во Европската Унија, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски кажа дека добивме и формална потврда дека македонскиот јазик е на рамноправно рамниште со сите други јазици што се зборуваат во Европската Унија, преку потпишаниот Договор за ФРОНТЕКС, првиот ваков договор помеѓу Европската Комисија и Република Северна Македонија, потпишан на македонски јазик, заедно со останатите официјални јазици на Европската Унија.

-И европското законодавство се преведува и на нашиот мајчин, македонски јазик. Денес јасно и гласно, во официјални изјави, на сите европски лидери и претставници на меѓународната заедница, нашиот јазик е прецизно именуван како македонски јазик, рече Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави