Search

Денеска се одбележа денот на Св. Кирил и Методиј, Ахмети за првпат се огласи со честитка на македонски јазик

Македонците и словенскиот народ денеска го славеа Денот на Сесловенските просветитети Св. браќа Кирил и Методиј. Честитки упати највисокиот државен врв. Претседателот Пендаровски посака овој празник да се слави со многу среќа, радост и љубов. Честитки пристигнаа и од Владата. -На овој празник оддаваме почит на светите браќа Кирил и Методиј, на нивната непроценлива хуманистичка и космополитска мисија. 24 Мај е голем ден, кој се одбележува и слави повеќе од век и половина во словенскиот свет како ден на културата и просветата.“, стои во соопштението од Владата.

Со декларација за македонскиот јазик донесена од научната заедница која беше прочитана на свеченото одбележување на 24 Мај за првпат на ваков начин беше организирано и одржано на Плаошник во Охрид. На свеченоста, посветена на македонскиот јазик, организана од владата се обрати и премиерот Димитар Ковачевски кој рече дека денешниот ден треба да биде гордост за Македонците, бидејќи го дочекуваат со македонскиот јазик прифатен и признат во ЕУ.

Денеска Денот на Св. Кирил и Методиј со видо обраќање го честиташе и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој за прв пат зборуваше на македонски јазик. Ахмети посака духот на мултиетничкото општество сите заедно повеќе да го зачуваме и унапредуваме.

Треба да знаете
Последни објави