Search

Двајца малолетници повредени во сообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Неготино

Двајца малолетници повредени во сообраќајка меѓу патничко возило и мотоцикл во Неготино, соопшти полицијата.

Имено, денеска во раните утрински часови, поточно во 00.05 часот било пријавено дека во Неготино на ул.“Индустриска“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “пасат“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(39) од Неготино, и мотоцикл “априлиа“ со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Неготино.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мотоциклот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Неготино.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Треба да знаете
Последни објави