Search

Гвардиола: Ќе останам во Сити и следната сезона

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, даде изјава за неговата иднина во клубот.

– Следната сезона ќе останам во Манчестер сити. Не размислувам за напуштање на клубот. Ќе останам и следната сезона и со 100 обвиненија од Премиер лигата за финансиски нерегуларности, не грижете се, го цитира Гвардиола инсајдерот Фабрицио Романо.

Шпанскиот фудбалски стручњак работи за англискиот клуб од 2016 година.

„Граѓаните“ ја обезбедија шампионската титула во Англија. Сити ќе игра и во финалето на ФА Купот и Лигата на шампионите. 

Треба да знаете
Последни објави