УЕФА одреди полски судија за финалето во Лигата на шампиони

 Полјакот Шимон Марчинијак ќе го суди финалето во фудбалската Лига на шампионите во кое на 10 јуни во Истанбул ќе играат италијанскиот Интер и англискиот Манчестер сити, објави УЕФА.

За 42-годишниот полски арбитер ова ќе биде ново големо признание, откако во декември лани го судеше и финалето на Светското првенство во Катар меѓу Аргентина и Франција.

УЕФА воедно ги одреди и судиите за финалните натпревари во Лига Европа и Лигата на конференции.

Финалето меѓу Рома и Севиља на 31 мај во Будимпешта за трофејот во Лига Европа ќе го суди Англичанецот Ентони Тејлор, додека за главен судија на финалето во Конференциската лига меѓу Вест Хем и Фиорентина, на 7 јуни во Прага, е одреден Шпанецот Карлос де Гранде.

Финалето во женската Лига на шампиони меѓу Барселона и Волфсбург, кое е на програмата на 3 јуни во Ајндховен, ќе го суди Британката Шерил Фостер.

Треба да знаете
Последни објави