Search

Јувентус се премисли- нема да го продолжи договорот со Ди Марија

Крилниот напаѓач на италијанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус, Анхел ди Марија наскоро може да го напушти клубот од Торино, објави „Sky Italia“.

Клубот сака да го подмлади составот, па 35-годишниот ќе мора да го смени тимот. Самиот Ди Марија би сакал да остане во Јувентус.

Претходно беше објавено дека „старата дама“ има намера да ја продолжи соработката со Аргентинецот кој му се приклучи на Јувентус во летото 2022 година. За тимот има постигнато осум гола и седум асистенции на 37 натпревари. 

Треба да знаете
Последни објави