Search

Петковска: Со измените во Законот за градење, Груби ќе одлучува кои објекти се од стратешки интерес и истите ќе нема потреба да поминуваат никакви филтри 

Денес на дневен ред го имаме Законот за градење или најточно кажано закон за беззаконие во градењето. Ова го велам затоа што со овој закон се прави една измена, а сите знаеме дека ѓаволот е во деталите, со која се проширува опфатот на градби од стратешки интерес. Е сега на македонската јавност да и појаснам кои се тие градби од стратешки интерес. Тоа почитувана македонска јавност се градбите кои нема да треба да минуваат низ некакви филтри затоа што за нив ќе биде доволна само титулата која ќе му ја круниса Артан Груби затоа што така му се може и ќе ја потпише Ковачевски за ќеиф на истиот Артан Груби. Тоа се градбите заради ки ќе престанат да важат досегашниот Закон за урбанистичко планирање, законот за градење, Генералните урбанистички планови, Деталните урбанистички планови. Тоа се градбите заради кои ќе престане да важи сѐ што важело досега, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска на денешната собраниска седница.
Петковска исто така истакна дека измените кои се прават во овој закон му даваат на Артан Груби дискреционо право да одлучува кој објекти е од стратешки интерес и истите нема да имаат потреба да поминуваат низ никакви филтри.
„Градбите за кои Артан и Ковачевски ќе си одлучат во четири очи дека биле стратешки ќе нема потреба да добиваат дозволи за градење, иако си имаме закон за градење кој е донесен во еден процес на конструктивна дебата со сите експерти и според кој се знае како одреден објект добива одобрение за градење со цел да има одговорност и да се заштити безбедноста на оние кои што ќе ги користат, но и да се спречат можностите за криминал, денес власта турка закон со кој му дава широко дискреционо право на газдата Груби да одлучи кој објект е од стратешки интерес, а извршителот Ковачевски да потпише исто како што ги потпиша празните коресподентни табели, исто како што го потпиша договорот кој никој не го видел за трасата која никој не знаеме каде ќе минува и што ќе се најде на неа”, истакна Петковска и додаде:
-Со други зборови, на власта и се може затоа што го има мнозинството да ги игнорира сите одредби на веќе донесените Детални урбанистички планови и Генерални урбанистички планови за да се сокрие од транспарентноста и отчетноста пред народот, да си дава одобренија за градење само затоа што власта односно нејзиниот газда одлучил токму на тие објекти да има даде име „стратешки”.

Треба да знаете
Последни објави